сабота, 6. март 2021. Вести денес: 47
home Вести

Бајден со порака до светот: Ќе водиме не само со примерот на моќта, туку и со моќта на примерот

Бајден со порака до светот: Ќе водиме не само со примерот на моќта, туку и со моќта на примерот

Новиот претседател на САД, Џо Бајден во моментов го одржува својот говор на инаугурацијата на Капитол Хил. Тој порача дека Америка ќе ги обнови сојузништвата и ќе биде пример за сите.

-Денеска го славиме триумфот, не на кандидат, туку на кауза – кауза на демократијата. Се слушна волјата на народот и се посвети внимание на волјата на народот. Повторно научивме дека демократијата е скапоцена. Демократијата е кревка. И на овој час, мои пријатели, победи демократијата. Порака до светот: Америка беше тестирана и излеговме посилни. Ќе ги обновиме сојузништвата и ќе водиме не само со примерот на моќта, туку и со моќта на примерот. Ќе бидеме партнер за мир, просперитет и безбедност, порача Бајден.

-Ова е ден на Америка, ова е ден на демократијата, ден за историја и надеж! Нападот на Капитол пред две недели повторно ни покажа дека демократијата е бесценета и кршлива. Во овој момент, пријатели мои, демократијата преовлада. Денеска славиме триумф не на еден кандидат, туку на кауза, а таа кауза е демократијата, кажа Бајден во својот говор пред зградата на американскиот Конгрес.

Пред Бајден, заклетва положи Камала Харис, станувајќи прва жена и прв Афроамериканец на функцијата потпретседател на САД.

Бајден ја повика нацијата да се обедини по четиригодишниот мандат на Трамп обележан со поделби.

-Се наоѓаме во историски момент на криза и предизвик и патот кон напред е само единството. Мора да се соочиме со овој момент како Соединетите Американски Држави, рече Бајден, додавајќи дека ќе биде претседател на сите Американци.

Тој ја повика нацијата да направи нов почеток денеска.

-Мора да ја отфрлиме културата во која фактите се манипулираат и дури измислуваат.

Над 25.000 припадници на Националната гарда, повеќе од моменталниот број американски војници во Ирак и Авганистан, ја обезбедуваа церемонијата, ставајќи го централниот дел на градот во карантин поради стравувањата од можни закани и напади од групите кои пред две недели упаднаа во Конгресот.

Спротивно на традицијата, Доналд Трамп го напушти Вашингтон во пресрет на инаугурацијата, па меѓу гостите од бившите претседатели беа Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ Буш, исто како и сега веќе бившиот потпретседател Мајк Пенс.

Коронавирус