петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 80
home Вести

Бајден со поддршка до Израел – ги охрабрува да вложат максимални напори да ги заштитат невините цивили

Бајден со поддршка до Израел – ги охрабрува да вложат максимални напори да ги заштитат невините цивили

Американскиот претседателот Џо Бајден телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при што ја „повтори својата цврста поддршка за правото на Израел да се брани од неселективни ракетни напади“.

Како што соопшти Белата куќа, Бајден ги поздрави напорите за справување со насилство и воспоставување мир во Ерусалим. „Тој го охрабри Израел да вложи максимални напори за да обезбеди заштита на невини цивили“.

– Двајцата лидери разговараа за напредокот во израелските воени операции против Хамас и другите терористички групи во Газа. Претседателот ја изрази својата поддршка за прекин на огнот и разговараше за ангажманот на САД со Египет и другите партнери за постигнување на таа цел, се вели во соопштението и се додава дека двајцата лидери се согласија дека тие и нивните тимови ќе останат во близок контакт. (МИА)

Локални избори 2021