петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 113
home Вести

Бајден: Секој ден се тестирам за Ковид 19

Бајден: Секој ден се тестирам за Ковид 19

Американскиот претседател Џо Бајден денеска со засипнат глас и со неколку кашлици одржа говор за економијата, што ги поттикна новинарите да го прашаат за неговото здравје.

Бајден изјави дека има настинка, откако, како што рече, стапил во контакт со неговиот настинат внук.

-Добро сум. Секој ден се тестирам за Ковид. Ова го добив од мојот внук на една и пол година кој сака да му дава бакнежи на дедо. Настинка е само, додаде тој.

Коронавирус