вторник, 2. август 2022. Вести денес: 103
АКТУЕЛНО

Македонија го слави Денот на Републиката-Илинден

home Вести

Бајден се уште е позитивен на Ковид

Бајден се уште е позитивен на Ковид

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се уште е позитивен на Ковид-19, објави неговиот лекар во соопштение од Белата куќа.

Бајден „продолжува да се чувствува добро, иако повторно има продуктивна кашлица“, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор. Претседателот „нема треска и е во добра форма“, додаде лекарот.

Претседателот Бајден беше негативен во вторникот и средата минатата недела, а потоа повторно беше позитивен во саботата, иако зема антивирусен лек Паксловид.

Бајден првпат беше позитивен на коронавирусот на 21 јули и имаше благи симптоми на болеста. Тој е вакциниран и примаше лекови. Од 21 до 27 јули беше во изолација.

Коронавирус