сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бајден: Резервите на нафта во САД ќе ги намалат цените на горивата

Бајден: Резервите на нафта во САД ќе ги намалат цените на горивата

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека ослободувањето на стратешките резерви на нафта од страна на САД и други големи потрошувачи „ќе биде важно“ за Американците, кои неодамна беа загрижени поради високите цени на горивата.

-Ќе биде потребно време, но наскоро би требало да видите дека цената на бензинот се намалува, изјави претседателот во своето обраќање пред Белата куќа.

Бајден моментно има низок рејтинг, главно поради драстичниот пораст на цените на горивата и поради инфлацијата. (МИА)

Коронавирус