петок, 24. септември 2021. Вести денес: 47
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски

home Вести

Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифорнија

Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифорнија

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа во Калифорнија, непосредно пред заминувањето во Сакраменто, каде сака на самото место да ги види штетите од шумските пожари, соопшти Белата куќа.

„Претседателот Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифорнија и нареди на Федералната служба за помош да обезбеди закрепнување на сојузната држава, која беше погодена од пожарот Калдор. Пожарот започна на 14 август и се уште гори”, додаде Белата куќа.

Повеќе од 6.800 шумски пожари годинава изгореа речиси 700.000 хектари земја во САД

Пожарите беа предизвикани од екстремно топлите и суви временски услови за кои експертите велат дека се должат и на климатските промени.

Пожарот Калдор досега е 65 отсто локализиран, при што беа повредени пет лица и оштетени 81 објект.

Коронавирус