петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 61
home Вести

Бајден не верува дека до крај на летото во САД може да се постигне имунитет на стадо

Бајден не верува дека до крај на летото во САД може да се постигне имунитет на стадо

Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска изјави дека ќе биде тешко САД до крајот на летото да го достигнат имунитетот на стадо, што конкретно значи дека најмалку 75 проценти од населението да е вакцинирано против коронавирусот.

Бајден за Ес-БиСи Њуз изјави дека е тешко да се реализира идејата САД да постигнат имунитет кон стадо пред крајот на летото.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, САД досега дале точно 41.210.937 дози од вакцините против Ковид-19, а низ земјата дистрибуирале 59.307.800 дози.

ЕУРО 2020

Македонија