петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бајден наложи строги правила за вакцинација за федералните службеници

Бајден наложи строги правила за вакцинација за федералните службеници

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави воведување нови анти-ковид барања, насочени кон зајакнување на стапката на вакцинација за милиони федерални работници и изведувачи, откако изрази загриженост поради големиот број смртни случаи меѓу невакцинираните.

Милиони федерални службеници во САД ќе треба да потврдат дека се вакцинирани против коронавирус или ќе треба да носат маски, да се тестираат еднаш неделно, да одржуваат физичка дистанца и да се придржуваат кон други правила.

Новите строги упатства имаат за цел да ја зголемат стапката на вакцинација кај голем број Американци вработени во федералните институции, како и да им дадат пример на приватните работодавци низ целата земја.

Бајден, исто така, му наложи на Министерството за одбрана да разгледа како и кога ќе започне да бара од припадниците на армијата да се вакцинираат.

Тој му наложи на својот тим да преземе чекори за примена на слични барања за сите федерални изведувачи.

Според податоците од 2020 година, сојузната влада на САД вработува околу 2,2 милиони цивилни работници и уште 570 000 кои работат за Поштата (УСПС).

Коронавирус