недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бајден најави нови преговори со Иран

Бајден најави нови преговори со Иран

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во интервју за „Њујорк тајмс“ денеска изјави дека сака брзи нови преговори со Иран, но со консултации со сојузниците на САД по повторното придружување на Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

– Најдобар начин за да се постигне извесна стабилност во регионот е разгледување на иранската нуклеарна програма. Ако Иран има атомска бомба, тогаш во Блискиот Исток би настанала трка за нуклеарно вооружување, а тоа е последна работа што е потребна во тој дел од светот, посочи Бајден.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, а повторното придружување би значело и укинување на санкциите кон Иран.

„Њујорк тајмс“ наведе дека новите преговори би се однесувале и на дополнителни нуклеарни ограничувања, како и на активностите на иранските сојузници – Либан, Ирак, Сирија и Јемен.

Вестникот исто така истакна дека Бајден покрај консултациите со земјите-потписнички на Договорот (Кина, Русија, Франција, Германија и Велика Британија) ќе разговара и со земјите ривали на Иран – Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.

Коронавирус