понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бајден му се закани на Мјанмар со санкции поради воениот удар

Бајден му се закани на Мјанмар со санкции поради воениот удар

Американскиот претседател Џо Бајден даде изјава во која предупредува дека Америка може да ги врати санкциите кон Мјанмар по военото преземање во земјата, пренесува „Спутник“.

Армијата на Мјанмар ги приведе лидерката на партијата Национална лига за демократија (НЛД), Аунг Сан Су Кји, и други официјални лица на 1 февруари, наведувајќи ги како причина измамите околу неодамнешната огромна победа на изборите на НЛД.

Во изјавата на Бајден во понеделникот се вели дека „меѓународната заедница треба да се обедини и да ја притисне бурманската војска веднаш да се откаже од моќта што ја презеде, да ги ослободи активистите и официјалните лица што ги приведе, да ги укине сите телекомуникациски ограничувања и да се воздржи од насилство врз цивилите.

Потсетувајќи дека Вашингтон ги укина санкциите кон Мјанмар во изминатата деценија врз основа на неговиот напредок кон демократијата, Бајден додаде:

„Пресвртот на тој напредок ќе бара итно разгледување на нашите закони и овластувања за санкции, проследено со соодветни активности“.

Бајден истакна дека „силата никогаш не треба да се обидува да ја надмине волјата на народот или да се обиде да го избрише резултатот од кредибилни избори, подвлекувајќи:

„САД ќе застанат во одбрана на демократијата каде и да бидат нападнати“.

ЕУРО 2020

Македонија