сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бајден ќе ги претстави утре своите насоки за надворешната политика на САД

Бајден ќе ги претстави утре своите насоки за надворешната политика на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден утре ќе има обраќање во кое ќе ја претстави својата визија за надворешната политика на САД. Тоа го јави Ен-Би-Си повикувајќи се на извор од американската администрација.

Според ТВ-каналот, обраќањето ќе биде направено за време на претходно најавената посета на американскиот Стејт департмент, каде Бајден треба да се сретне со државниот секретар Ентони Блинкен.

Покрај тоа, претседателот на САД планира да потпише голем број ѕјази поврзани со надворешната политика, вклучително и документ за формирање работна група за повторно обединување на семејствата мигранти разделени во време на претходниот претседател Доналд Трамп. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија