петок, 24. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бајден ја обвини Русија дека се обидува да влијае на изборите 2022 во САД

Бајден ја обвини Русија дека се обидува да влијае на изборите 2022 во САД

Американскиот претседател Џо Бајден во говор пред разузнавачките служби, ја обвини Русија за ширење „дезинформации“ со цел да влијае на изборите што ќе се одржат во САД во 2022 година,

– Погледнете што Русија веќе прави со изборите и дезинформациите во 2022 година. Тоа е очигледно кршење на нашиот суверенитет, рече тој при посетата на Националната разузнавачка канцеларија во близина на Вашингтон, повикувајќи се на разузнавачките информациите што ги добива секојдневно за оваа тема.

Американскиот претседател го нападна и својот руски колега Владимир Путин. – Рускиот претседател „има голем проблем, тој води економија која има нуклеарно оружје, нафтени ресурси и ништо повеќе“, рече Бајден, додавајќи: „Мислам дека затоа е уште поопасен“.

Американскиот претседател изрази загриженост и за зголемениот број на компјутерски напади со употреба на „рансомвер“, компјутерска програма што блокира пристап на корисник до компјутер и бара да плати откуп, обично во биткоини, во замена за клуч за враќање на пристапот до податоци. „Ако се најдеме во војна, во вистинска вооружена војна со некоја суперсила, тоа ќе биде поради хакерски напад“, истакна тој.

Во есен 2022 година во САД треба да се одржат таканаречените избори на средина од мандатот, на кои ќе се обноват места во Претставничкиот дом и третина од местата во Сенатот.

Коронавирус