понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 119
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бајден: Црните гласачи кои размислуваат да гласаат за Трамп не се црни (ВИДЕО)

Бајден: Црните гласачи кои размислуваат да гласаат за Трамп не се црни (ВИДЕО)

Американскиот демократски кандидат во трката за Белата куќа Џо Бајден се обидува да ја поправи штетата што ја предизвика со изјавата дека Афроамериканците „не се црни” ако размислуваат за можноста да гласаат за претседателот Доналд Трамп наместо за него.

Бајден ова го изјави за време на интервјуто во петокот со истакнатиот црн радио водител Чарламејн Та Год, во неговиот обид да допре до црните гласачи.

Бајден подоцна изрази жалење поради „незгодниот“ коментар, пренесува Би-би-си.

Црните гласачи се клучни за поддршката на кандидатурата на Бајден.

„Го освоив секој поединечен округ. Освоив поголем удел на црните гласови од кој било друг, вклучувајќи го и Барак“, рече Бајден, осврнувајќи се на првиот Афроамериканец на местото американски претседател Барак Обама, кој заедно со Бајден како потпретседател тогаш ја освоија Белата куќа.

Бајден исто така рече дека „гарантира“ дека за функцијата негов потпретседател разгледува повеќе црни кандидатки.

На самиот крај на интервјуто, Бајденовиот помошник во кампањата го прекинува разговорот, изјавувајќи дека на поранешниот американски потпретседател и демократски кандидат му истекло времето.

Кога соработникот на Бајден се обидува да го приврши интервјуто, Чарламејн се побуни. „Не можете тоа да им го сторите на црните медиуми“, рече тој.

„Им го правам тоа и на белите и на црните медиуми“, одговора Бајден, додавајќи дека неговата сопруга чека да го користи нивното домашно студио.

Чарламејн го покани Бајден да се врати и да даде друго интервју затоа што има повеќе прашања за него.

„Ако имате проблем да одредите дали сте за мене или за Трамп, тогаш вие не сте црни“, одговори на тоа Бајден.

Коронавирус