сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Багдад: Илјадници луѓе ја одбележаа годишнината од убиството на генералот Касим Сулејмани

Багдад: Илјадници луѓе ја одбележаа годишнината од убиството на генералот Касим Сулејмани

Со импровизирана погребна поворка денеска во Ирак е одбележана првата годишнина од убиството на иранскиот начелник на Генералштабот, Касем Сулејмани, кој е убиен на 3 јануари минатата година при напад на американски дрон.

Илјадници луѓе му се приклучија на маршот на автопатот во правец кон Багдад, каде беа убиени Сулејмани и високиот воен претставник Абу Махди ал Мухандис.

Убиството на генералот Сулејмани ги зајакна тензиите во регионот и ги доведе САД и Иран на работ на војна.

Сулејмани беше на чело на иранските елитни единици на Револуционерната гарда, која беше задолжена за странски операции и често се движела на потегот Ирак-Либан-Сирија.

Коронавирус