вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 51
home Вести

Бабата скршена од болка: „Наместо децата да си играат со мајката, сега и носат цвеќе на гробот“

Бабата скршена од болка: „Наместо децата да си играат со мајката, сега и носат цвеќе на гробот“

Мохамед Шамзи е осуден на доживотен затвор откако е обвинет за убиство на својата сопруга 40- годишната Хрватка, која е родена во Канада Елан Фриц.

Нејзиното тело е најдено на 1 ви декември 2016 година во ковчег во река во Торонто, а Мохамед во април го признал убиството.

После судењето, нејзиното семејство имало емотивно обраќање до судот.

Убиецот ја тепал сопругата, а потоа ја задавил до смрт додека нивните три деца спиеле.

-Ни ги уништи животите. Елан беше дете какво што секој родител би посаакал- рекла нејзината мајка.

Мохаед брутално ја нападнал сопругата со која бил во брак 12 години, ноќта кога таа му ги врачила документите за развод. Во април на суд во Торонто се дознало дека угледниот неврохирург Мохамед ја тепа својата сопруга, а во ноќта кога се случило убиството и го скршил вратот и неколку ребра, за потоа да ја загуши до смрт.

-Наместо децата да се играат со мајка си сега мора да и носат цвеќе а гробот, сепак благодарна сум на бог за децата, тие ми се сега се во животот- рекла мајката на Елан.

-Тоа што морав да го идентификувам телото на ќерка ми ќе ме прогонува до крајот на животот. Ни еден родител не би требало тоа да го прави- рекол нејзиниот татко.

Мохамед поминал две ипол години во притвор, а сега му е одредена казна доживотен затвор без можност за ослободување со условно.