понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Баба по грешка предизвика паника и општ хаос на аеродром

Баба по грешка предизвика паника и општ хаос на аеродром

65-годишна баба случајно предизвикала паника и општ хаос на аеродромот во Бризбејн со тоа што куферот го назначила со „Bomb to Brisbane“ (Бомба за Брисбејн).

Кога обезбедувањето го забележало натписот на куферот веднаш реагирало, а полицијата ја привела бабата на разговор.

Потенцијалната опасност всушност бил недоразбирање, зашто Венката Лакшими, поради недостаток на место на торбата напишала „Bomb“ наместо „Bombay to Brisbane“.

Нејзината ќерка изјавила дека бабата била шокирана и посрамотена поради незгодната кратенка.

-Ја одведоа во соба за интервју. Рекоа дека поради натписот на торбата луѓето почнале да паничат. Ја терале да ја отворат торбата затоа што пишало „бомба“ на неа, а таа просто им одговорила оти е кратенка за Бомбај, изјавила ќерката, Деви Џотирај.

Инаку, Лакшими патувала за Австралија на прослава за нејзиниот роденден. Бидејќи била нервозна поради тоа што патувала сама, го обележала куферот за да не го загуби, а кратенката Бомб за Бомбај одамна е позната за овој град, па на тамошниот аеродром немала никаков проблем.

-Свесна е за грешката која ја направила. Слабо зборува англиски и не сфатила дека тоа може да направи некаков проблем, рекла нејзината ќерка.

 

Коронавирус