недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Баба на 104 години со аплауз испратена од болница: Победи во борбата со коронавирусот дури два пати (ВИДЕО)

Баба на 104 години со аплауз испратена од болница: Победи во борбата со коронавирусот дури два пати (ВИДЕО)

Баба (104) од Колумбија доби аплауз од медицинскиот персонал откако по втор пат се опорави од коронавирусот.

Кармен Хернандез прв пат се здоби со Ковид-19 во јуни 2020 година и се лекуваше во дом за стари лица во Сан Хозе, каде живее 25 години.

Откако беше вакцинирана во февруари, минатиот месец по втор пат се разболе од коронавирусот и беше примена на интензивна нега.

По 21-дневно лекување и борба против коронавирусот, Кармен конечно беше пуштена од болница.

Коронавирус