среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

Баба му родила ќерка на својот внук (ФОТО)

Баба му родила ќерка на својот внук (ФОТО)

Кога Метју Елиџ и неговиот партнер Елиот Доерти соопштиле дека сакаат да имаат деца, мајката на Метју се понудила да им помогне на посебен начин: да биде сурогат мајка на нивното идно дете.

– Не се двоумев ниту во еден момент, тоа беше инстинктивна реакција – изјавила Елиџ за „КETВ-Њуз“.

По сеопфатните лекарски прегледи, лекарите од Медицинскиот центар на универзитетот Небраска во Омаха дале зелено светло. Фетусот бил создаден со вонтелесно оплодување, од спермата на нејзиниот син и јајце-клетките кои ги донирала Леа Ириба, сестра на неговиот сопруг.

Минатата недела, неколку недели предвреме, госпоѓата Елиџ родила бебе тешко 2,3 килограми на кое двојката му го дала името Ума Луиз.

– Кога сте геј и во брак и сакате да имате дете, влегувате во тоа знаејќи дека ќе основате семејство на посебен начин – рекол Метју.

„Постои креативен, единствен начин да создадете семејство. Благодарни сме што оваа процедура успеа и навистина сме благодарни што Ума и нејзината баба се тука, здрави и среќни“, додал тој.

Фотографката Ариел Панович направила мноштво фотографии за да ги сочува спомените од тој ден, а дел од нив објавила на својот профил на Инстаграм.

– Малечката Ума Луиз дојде на овој свет и е навистина совршена. Ума која ја носеше и роди нејзината 61-годишна баба, а која ја создадоа нејзините татковци и тетка е опкружена со огромна количина на љубов. Прекрасно е да се биде дел од овој ден – напишала Ариел.

Коронавирус