сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 105
home Вести

Азербејџан го заврши процесот на преземање на територија

Азербејџан го заврши процесот на преземање на територија

Азербејџан денеска го заврши процесот на преземање на територијата што Ерменија ја предаде во согласност со мировниот договор, во кој посредуваше Русија и завршија шестнеделните судири во Нагорно-Карабах.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев го поздрави враќањето на контролата над тие области како историско достигнување.

– Сите живеевме со еден сон и сега ни се исполни. Извојувавме победа на бојното поле и во политичкта арена и таа победа отвора нова ера за нашата земја. Следи период на развој, безбедност и напредок, посочи Алијев.

Регионот Лачин, кој се наоѓа помеѓи Нагорно-Карабах и Ерменија, последната од трите области е денеска предадена од страна на ерменската армија.

Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Алијев и Никол Пашињин на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на судирите во НАгорно-Карабах. Со договорот е предвидено дел од регионот да биде под контрола на Азербејџан, Баку и Ереван да разменат заробеници, а руските мировни сили да бидат расоредени долж контакт линијата и долж Лачансикиот коридор што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија.

Коронавирус