петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 15
home Вести

Азербејџан: Ереван гранатираше населени места во три окрузи околу Нагорно Карабах

Азербејџан: Ереван гранатираше населени места во три окрузи околу Нагорно Карабах

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека интензивните судири во Нагорно Карабах продолжиле во текот на претходното деноноќие, а ерменските сили гранатирале населени места во три окрузи во околината на овој регион.

Во соопштението на Министерството се наведува дека „непријателот гранатирал населени места во окрузите Геранбој, Тертер и Адгам, а азербејџанската војска презема соодветни мерки“.

Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах ескалираа на 27 септември. Двете страни прогласија воена состојба и општа мобилизација, а пријавуваат и жртви, вклучувајќи и цивили.

Судирот меѓу Баку и Ереван почна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно Карабах прогласи отцепување од Азербејџан. За време на конфликтот меѓу 1992 и 1994 година, Азербејџан ја изгуби контролата врз Нагорно Карабах и седум соседни региони. (МИА)

Коронавирус