петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 143
home Вести

Автобуска несреќа во Русија: 9 загинати и 21 повреден

Автобуска несреќа во Русија: 9 загинати и 21 повреден

Најмалку девет лица загинаа, а 21 се повредени во директен судар меѓу патнички автобус и камион во руската Јарославска област, јавија руските медиуми, пренесувајќи ги локалните власти.

Според последните информации, во инцидентот има 30 настрадани лица, од кои девет загинале.

-Меѓу повредените има и дете, но неговата возраст не се прецизира, изјави портпаролот на јарославската полиција.

Девет возила на Брзата помош се пристигнати на местото на несреќата. До неа дошло откако камионот заради засега непознати причини навлегол во спротивната коловозна лента и директно удрил во автобусот.

Коронавирус