недела, 9. август 2020. Вести денес: 88
home Вести

Автобус се преврте во езеро во Кина, десетици загинати

Автобус се преврте во езеро во Кина, десетици загинати

Кинеските власти денеска соопштија дека 21 лице загинале откако автобус ја пробил заштитната ограда покрај патот и се превртел во езеро во југозападниот дел на земјата.

Засега не е позната причината за несреќата.

Инцидентот бил забележан од блискиот видео надзор. Автобусот ненадејно свртел и се превртел во езерото Хонгшан.

Локалните власти соопштија дека се спасени 15 лица и веднаш пренесени в болница, а автобусот бил извлечен од езерото.

Меѓу патниците имало и ученици кои тргнале на приемни испити, кои денеска се одржуваат во Кина. (MИА)

Коронавирус