среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 150
home Вести

Австриската полиција откри арсенал оружје, наменета за неонацисти во Германија

Австриската полиција откри арсенал оружје, наменета за неонацисти во Германија

Австриската полиција заплени автоматско оружје, експлозив и дрога за време на операциите против неонацистички симпатизери и уапси неколку од нив, соопшти денеска владата.

Германската полиција во провинциите Баварија и Северна Рајна-Вестфалија уапси двајца осомничени во врска со операцијата.

Оружјето требало да се искористи за „создавање крајно десничарска мрежа“ во Германија, рече австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер на прес-конференција во Виена.

Петмина мажи на возраст меѓу 21 и 53 години кои имаат врски со неонацистички групи се уапсени во Австрија и се „за жал познати подолго време“ во земјата, рече Нехамер.

Во октомври, австриските истражители започнаа да следат залихи на дрога од Германија и открија дека профитот се користи за купување оружје.

Во серија претреси беа пронајдени 100.000 куршуми, 100 парчиња огнено оружје, експлозив, вклучувајќи рачни гранати, дрога и пари, се вели во соопштението на полицијата од Виена.

Локални избори 2021