среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Aвстриска министерка за правда смета дека нема потреба од верски симболи во јавни простории

Aвстриска министерка за правда смета дека нема потреба од верски симболи во јавни простории

Новата австриска министерка за правда Алма Задиќ се залага за секуларен пристап на државата, односно за јасно раздвојуавње на државата и верата.

Во изјава за австриската државна телевиозија ОРФ, таа кажа дека во нејзината Зелена партија постои различен став за прашањето на крст во училниците.

-Лично сум на мислење дека на јавните простори не му се потребни никакви верски симболи, рече Задиќ.
Таа укажа дека е свесна дека нејзиниот став во Австрија не е мнозински поддржан и додаде дека е тоа сосема во ред.

На нејзината изјава прв реагираше лидерот на Слободарската партија (ФПО) Норберт Хофер, кој од канцерарот Себастијан Курц побара јасно да се изјасни за крстот во училиштата, судниците и на врвовите од планините.

Кога станува збор за употребата на крстот во јавните простории тоа во Австрија не е јасно регулирано.

Што се однесува до судниците, никаде нема правна одредба дека е задолжително ставање на крст. Меѓутоа, не постои ниту забрана која го забранува овој верски симбол.

Кога станува збор за крстот во училиштата тоа е регулирано со Законот за веронаука, кој пропишува дека во сите училишта, во кои мнозинството деца се христијани, треба да има крст.

Коронавирус