петок, 24. септември 2021. Вести денес: 128
home Вести

Австрија воведува ПЦР тест за граѓани кои се враќаат од одмор

Австрија воведува ПЦР тест за граѓани кои се враќаат од одмор

Австрија воведува задолжителен ПЦР тест за лица кои се враќаат со авион од празниците од Шпанија, Холандија и Кипар, кои не биле целосно имунизирани, односно го прележале Ковид-19.

Според упатствата на Министерството за здравство, сите патници кои доаѓаат во Австрија со авион од овие три земји ќе треба да поминат на ПЦР-тестот на аеродромот.

Оние што ќе одбијат ПЦР тестот, кој е бесплатен, ќе бидат казнети со парична казна до 1.450 евра.

Патниците ќе го добијат резултатот од тестот на својот мобилен телефон, а додека чекаат за резултатот, нема да мора да бидат ставени во карантин.

Врз основа на резултатите од тестот, ќе се донесе одлука за понатамошни мерки.

За сите што се враќаат со автомобил од одмор, засега не е нешто многу сменето, освен ако не доаѓаат од земји со висок ризик.

Тие ќе треба да се регистрираат однапред.

– Една третина од новите инфекции се поврзани со враќање од одмор. Затоа мора да сториме нешто – рече министерот за здравство, Волфганг Микштајн.

Коронавирус