среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 34
home Вести

Австрија тврди дека расте притисокот врз балканската рута: 100.000 мигранти се обидуваат да дојдат до „златниот запад“

Австрија тврди дека расте притисокот врз балканската рута: 100.000 мигранти се обидуваат да дојдат до „златниот запад“

Шефот на Одделот за борба против трговија со луѓе во Криминалистичката служба на Австрија, Гералд Тацгерн предупредува дека расте притисокот на миграцијата врз балканската рута.

Тацгерн, во врска со неодамна спречениот влез во Австрија од поголем број мигранти, вели дека станува збор за кривично дело криумчарење мигранти. Во камион од страна на припадниците на војската биле откриени 40 мигранти.

Тој истакнува дека за ова време од годината, регистриран е невообичаен број на мигранти во однос на бројот од минатата година.

-Околу 100.000 лица, меѓу нив и многу млади мажи, преку балканската рута се обидуваат да дојдат до „златниот запад“, изјави Тацгер.

ЕУРО 2020

Македонија