вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 19
home Вести

Австрија се повлекува од глобалниот договор за мигранти

Австрија се повлекува од глобалниот договор за мигранти

Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за мигрантите, најавија властите во Виена.

На денешната седница на Владата ќе биде донесена соодветна одлука, најавија канцеларот Себастијан Курц и вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе.

Австрија го следи примерот на САД и на Унгарија. Виена нема да го потпише тој документ поради суштински несогласувања и нема да испрати официјален претставник на конференцијата во Маракеш чие одржување е предвидено за декември.

Во Виена го сметаат Договорот несоодветен за регулирање на мигрантското прашање, стравуваат за губење суверенитет во мигрантската политика и „бришење“ на разликите меѓу легалната и илегалната миграција. (МИА)

Коронавирус