четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 39
home Вести

Австрија: Прекинот на економските активности – 12 милијарди евра

Австрија: Прекинот на економските активности – 12 милијарди евра

Прекинот на јавниот и економскиот живот во Австрија поради мерките за борба против ширењето на коронавирусот предизвика загуба од 12 милијарди евра, објави Националната банка на Австрија (ОеНБ).

Економијата постепено расте, откако беше целосно запрена. Во првата недела од мај, нагорниот тренд јасно се интензивира, според OeНБ, додавајќи дека тоа е прикажано со нов показател што покажува податоци за економската активност на неделна основа.

За време на траењето на рестриктивните мерки од 12 до 16 календарски недели, економијата падна за една четвртина под минатогодишното ниво, а на врвот, загубата изнесуваше две милијарди евра неделно.

Од 16 март, кога беа воведени рестриктивни мерки, до 10 мај регистрирани се загуби во вкупен износ од 12 милијарди евра, според OeНБ. Тоа одговара на околу 3,5 проценти од БДП од минатата година, што изнесуваше 375 милијарди евра.

Коронавирус