Во Австрија денеска се очекува нов рекорден број на новозаразени со коронавирусот, што може да биде нешто помалку од 9000.
Според виенскиот дневен весник „Естерајх“, кој се повикува на „корона мониторот“ на Универзитетот во Виена, во последните 24 часа се регистрирани 8.905 новоинфицирани лица.
Во текот на вчерашниот ден беа пријавени 6.120 нови случаи на инфекција со коронавирус.
Во моментов, хоспитализирани се 2.755 пациенти со Ковид-19, од кои 473 се на интензивна нега. (МИА)