понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Австрија нема да дозволи на турски политичари да водат кампања на нејзина територија

- Турското раководство на Ердоган со години се обидува да ги искористи европските заедници со турско потекло. Турските предизборни кампањи во Австрија се непожелни и затоа нема повеќе да ги дозволиме, изјави Курц за радиото ОРФ.
Австрија нема да дозволи на турски политичари да водат кампања на нејзина територија
Austria's Foreign Minister Sebastian Kurz listens during an interview with Reuters in Vienna January 17, 2014. Kurz will champion European Union membership for qualifying Balkan countries when he meets EU counterparts next week, he told Reuters on Friday. It will be the first formal meeting of EU foreign ministers for Kurz, just 27 and a rising star in the People's Party who got the top foreign policy job last month in a cabinet reshuffle after September elections. REUTERS/Leonhard Foeger (AUSTRIA - Tags: POLITICS)

Австриската десничарска коалициска Влада, која е против членство на Анкара во Европската унија, ќе им забрани на турските политичари да водат кампања на нејзината територија пред изборите во јуни во Турција, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган неделава свика предвремени парламентарни и претседателски избори, со цел Турција да може да премине кон посилен нов систем на извршно претседателство, кој беше тесно одобрен на референдумот минатата година.

Пред тој референдум, турските министри се обидоа да добијат поддршка во земјите со големи турски заедници, како што се Холандија и Германија. Тие земји воведоа забрани поради безбедносни причини кои го налутија Истанбул, а Ердоган и некои од неговите сојузници во тоа време ја споредија германската Влада со нацистички режим.

– Турското раководство на Ердоган со години се обидува да ги искористи европските заедници со турско потекло. Турските предизборни кампањи во Австрија се непожелни и затоа нема повеќе да ги дозволиме, изјави Курц за радиото ОРФ.

Во Австрија има неколку стотици илјади луѓе кои се Турци или се со турско потекло. Конзервативците на Курц се во коалициска Влада со анти-исламската Партија на слободата, со што Австрија е единствената западноевропска земја која има екстремно десничарска партија во Владата. Двете партии веруваат дека Европската унија треба да ги прекине разговорите за членство на Турција.

Курц истакна дека Австрија ќе спречи предизборни настани на сите турски политички партии. (МИА)

Коронавирус