петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 73
home Вести

Австрија ја интензивира контролата на границата со Италија

Австрија ја интензивира контролата на границата со Италија

Ограничувањата што вчера ги воведе Германија на границата со австриската провинција Тирол поради јужноафриканскиот вид на Ковид-19, ги принуди австриските власти да ја интензивираат контролата на границата со Италија, што денеска предизвика долги редови автомобили и незадоволство.

Возачите на камиони кои од Тиропл влчегуваат во Германија од вчера треба да покажат негативен тест на Ковид-19.

Јужната граница на Тирол е со Италија. Австриските власти стравува дека возилата и камионите кои од Италија транзитираат преку Тирол за Германија не ги поседуваат сите документи кои ги бара Белрин и поради тоа би можеле да останат блокирани на австриска територија. Поради тоа интензивирана е контролата на австриската граница со Италија.

– Нема да дозволам Тирол да стане паркинг на Европа. Не можеме да им гарантираме премин на возачите од Австрија во Германија, изјави гувернерот на австриската провинција Тирол, Гинтер Платер.

Асоцијацијата на италијанските превозници и локалната власт на северната италијанска област Трентино побараа реципрочни мерки односно тестирање на возачите кои доѓаат од Германијаи и од Австрија.

На автопатот во Италија во близина на границата со Австрија поставен е центра за брзо тестирање на Ковид-19.

Од 4.000 до 5.000 камиони дневно поминуваат преку магистралниот пат А12, што е една од најважните сообраќајни артерии меѓу Јужна и Северна Европа.

ЕУРО 2020

Македонија