недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Австрија и Холандија со рекорден број заразени од Ковид-19

Австрија и Холандија со рекорден број заразени од Ковид-19

Австрија и Холандија во последното деноноќие имаат рекорден број заразени лица од Ковид-19.

Австрија втор ден по ред поставува нов рекорд во бројот на новоинфицирани, кој по вчерашните 2.452 денеска достигна 2.571 и 13 смртни случаи.

Покрај тоа, Виена продолжува да регистрира се поголем број новозаразени, а во последните 24 часа, во австрискиот главен град се регистрирани 615 нови случаи на коронавирус.

Во моментов, во Австрија има 19.409 активни пациенти, од кои 1.058 се хоспитализирани, а 158 се на интензивна нега.

Бројот на починати достигна 954.

Од почетокот на епидемијата, 75.558 лица биле тестирани на коронавирус, а 55.195 се излекувани.

Рекорден број заразени во последните 24 часа бележи и Холандија, каде што бројот на новозаразени надмина 10.000.

Како што соопшти Националниот институт за јавно здравје, Холандија продолжи со трансфер на пациенти во Германија, бидејќи болниците во земјата се преполнети.

На 14 октомври, Владата воведе делумен карантин за да се спречи ширењето на заразата и одлучи да ги затвори сите барови и ресторани во земјата.

Коронавирус