четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 60
home Вести

Австрија ги засилува граничните контроли поради мигрантите

Австрија ги засилува граничните контроли поради мигрантите

Австрија ги засилува граничните контроли бидејќи се повеќе мигранти се обидуваат повторно да влезат во земјата, изјавија денеска министрите за внатрешни работи и за одбрана, Карл Нехамер и Клаудија Танер.

Околу 400 дополнителни војници првично ќе бидат испратени на границата.

– Сведоци сме дека повторно се зголемува бројот на луѓе што ги приведуваме на австриската граница, рече Нехамер.

Посебно внимание ќе се посвети на границата со Унгарија.

Оваа година веќе се уапсени околу 200 шверцери на луѓе.

– Целта е да се контролира движењето на мигрантите, додаде Танер.

Коронавирус