среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Австрија: Докторка му ампутирала погрешна нога на пациент

Австрија: Докторка му ампутирала погрешна нога на пациент

Австриската хирургија мора да плати казна од 2.700 евра откако на пациент му била ампутирана погрешна нога, пренесува Би-Би-Си.

На постар пациент минатиот мај требало да му биде ампутирана десната нога во болницата Линза, а му била ампутирана левата нога. Грешката била откриена два дена по операцијата.

По инцидентот болницата соопштила дека се работи за „последици поради несреќни околности“, а од хирургијата на судот изјавила дека се работи за грешка при комуникација за време на операцијата.

-Едноставно не знаеме, одговорила докторката кога ја суд била прашана зошто ја означила погрешната нога.

Докторката сега работи на друга клиника, а вдовицата на мажот кој во меѓувреме починал добила вкупно 5.000 отштета.

Коронавирус