Австралискиот премер Скот Морисон изјави дека разгледува преместување на Амбасадата во Израел од Тел Авив во Ерусалим.
Морисон додаде дека Австралија сепак, останува посветена на решението за две држави – Израел и Палестина.
Премиерот тврди дека идејата ја предложил поранешниот амбасадор на Австралија во Израел, Дејв Шарма кој е кандидат на Либералната партија на изборите во делот на Сиднеј во кој живеат голем број Евреи.
МИА