петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 140
home Вести

Австралија погодена од катастрофални поплави: На улиците „испливаа“ крокодили и змии, евакуирани луѓе

Австралија погодена од катастрофални поплави: На улиците „испливаа“ крокодили и змии, евакуирани луѓе

По високите температури делови од Австралија се погодени од катастрофални поплави.

Си-Ен-Ен јави дека поради надојдената водата на улиците „испливаа“ крокодили и змии.

Поради закана од поплави во североисточниот дел на Австралија наредена е евакуација на повеќе од 20.000 луѓе.

Градот Таунсвил во Квинсленд речиси е целосно под вода, а се очекува да расте и нивото на водата во реката Рос.

Метеоролозите најавиваат дожд и во следните денови.