четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 75
home Вести

Австралија најави строги казни за напуштање на домовите за Велигден

Австралија најави строги казни за напуштање на домовите за Велигден

Австралиските власти денеска се заканија со големи парични казни, па дури и затворски за оние кои без посебна причина ќе го напуштат домот за време на Велигденските празници, со цел да се намали ширењето на коронавирусот.

Премиерот Скот Морисон испрати велигденска порака до граѓаните: „Овој Велигден ќе останеме дома. Не патувајте, не одите никаде“.

Сојузните влади предупредија дека оние кои ги кршат забраните и одат на непотребни патувања ќе бидат казнети со парична казна над 1.000 австралиски долари и до шест месеци затвор. 

Полицијата во Нов Јужен Велс ги казнува луѓето кои седат на клупите во парковите наместо да вежбаат, додека повеќето плажи во Сиднеј се затворени за да се спречат групни собирања.

Коронавирус