петок, 3. декември 2021. Вести денес: 148
home Вести

Австралија ги отвора границите, но не и за странските туристи

Австралија ги отвора границите, но не и за странските туристи

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека границите за странските туристи ќе бидат отворени дури од следната година.

Во интервју за австралискиот Канал 7, Морисон зборуваше за приоритетите и отворањето на границите кои беа затворени од март 2020 година.

„Ако сте биле вакцинирани двапати во странство и престојувате во Австралија, ако сте австралиски државјанин и ако сте член на семејството, можете да патувате“, рече Морисон.

Странските туристи во овој период, не се на листата на приоритети, и најави дека тие ќе можат да влезат во Австралија од 2022 година.

Како што рече, следниот приоритет се оние што доаѓаат во Австралија за образование.

Во Австралија се очекува процентот на целосно вакцинирани да достигне 80 проценти до крајот на октомври.

Во моментов, 57,4 проценти од граѓаните имаат целосна имунизација, а 79,9 проценти добиле барем една доза.

Коронавирус