петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 190
home Вести

Аврамопулос најави заеднички европски патроли долж српската граница

Аврамопулос најави заеднички европски патроли долж српската граница
epa06883491 EU Commissioner for migration and home affairs Dimitris Avramopoulos attends a press conference during the informal meeting of justice and home affairs ministers at the Congress in Innsbruck, Austria, 12 July 2018. Austria hosts a two-days informal meeting of EU and 'Eastern Partnership' justice and home affairs ministers in Innsbruck on 12 and 13 July. EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Еврокомесарот Димитрис Аврамопулос најави дека во тек се преговори меѓу Србија и Европската унија со кои граничари од ЕУ заедно со српските колеги ќе патролираат по должината на српската граница за да спречат движење на мигранти.

– Граничарите ќе патролираат и ќе користат техничка опрема. Овој договор значително ќе го засили управувањето со границите и ќе помогне во борбата против нерегуларната миграција и криумчарењето на мигранти низ регионот, вели Аврамопулос во текст за српски „Блиц“.

Аврамопулос воедно изрази надеж дека наскоро целиот регион ќе има можност за безвизно патување во ЕУ, алудирајќи тука на преговорите со Косово.

Тој додаде дека безвизниот режим на ЕУ за Балканот ќе биде надгледуван во иднина низ механизамот кој дозволува суспендирање на безвизниот режим доколку земјите не ги почитуваат своите обврски. (МИА)

Коронавирус