Неидентификувани авиони ги погодиле проиранските сили во Сирија, соопшти сириската опсерваторија за човекови права.
Како што се наведува, мета на нападот биле положбите кои припаѓаат на проиранските сили во областите близу границата со Израел.
Организацијата, со седиште во Велика Британија, соопшти дека авионите меѓу останатите цели погодиле и складиште со оружје и возила.
Пријавени биле неколку експлозии во пограничното подрачје, но непознато е чии авиони го извршиле нападот, пренесува АП.