сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 102
home Вести

Авион се урна врз куќа во Њу Џерси

Авион се урна врз куќа во Њу Џерси

Мал авион се урна и експлодираше во Њу Џерси, при што се запалија две куќи, а состојбата на пилотот не е позната.

Двомоторен авион 414 се урна врз куќа во областа Вудбриџ во 11 часот по локално време, соопшти американската Сојузна управа за авијација.

– Во куќата врз која падна авионот немало никој, но пожарот се проширил и кај соседната куќа каде што една жена успеала да се спаси, рече градоначалникот на Вудбриџ, Џон Макормак.

Тој додаде дека пожарот е под контрола.

Властите соопштија дека авионот тргнал од Лизбург во Вирџинија само со пилотот. Летал кон аеродромот кој се наоѓа на околу шест километри од местото на несреќата.

Времето во таа област за време на несреќата било облачно и магловито.

Коронавирус