сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Авион се урна во Тексас, сите патници преживеаја (ВИДЕО)

Авион се урна во Тексас, сите патници преживеаја (ВИДЕО)

Авионот „МД-87“ со 18 патници и три члена на екипажот се урна денеска кај Кејти, во американската сојузна држава Тексас, при обид за полетување, објави Федералната управа за авијација (ФАА), пренесува Си-ен-ен.

Сите патници и членови на екипажот, односно 21 лице, вклучително и десетгодишно дете, кои патувале со малиот авион на бејзбол-натпревар, преживеаја откако авионот се урна и се запали.

Авионот МД-87 ја проби заштитната ограда и се запали на поле нешто по 10 часот наутро додека се обидуваше да полета, се вели во соопштението на ФАА.

Авионот летал кон Бостон на натпревар од Големата бејзбол-лига помеѓу Хјустон астрос и Бостон ред сокс.

Сите преживеаја, само едно лице се здоби со лесни повреди на грбот, наведуваат властите.

Коронавирус