вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Вести

Авион погрешно слетал, делумно затворен аеродромот во Токио

Авион погрешно слетал, делумно затворен аеродромот во Токио

Аеродромот Нарита, источно од Токио затвори една од своите две писти откако авион на Ер Канада попладнево влегол во погрешен пат за маневрирање по слетувањето.

Боинг 787 од Монтреал од Меѓународниот аеродром Трудо, со 210 патници и членови на екипажот, по грешка влегол на просторот за маневривање во изградба и застанал таму, соопшти неименуван претставник од Министерството за сообраќај, истакнувајќи дека нема повредени.

Поради затворањето на едната писта некои авиони морале да слетаат на други аеродроми, соопшти аеродромскиот оператор.

Коронавирус