петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Авиокомпанија на необичен начин ќе ја обележи кралската венчавка

Авиокомпанија на необичен начин ќе ја обележи кралската венчавка

Компанијата Бритиш ервејс во сабота на свој начин ќе ја обележи венчавката на британскиот принц Хари и актерката Меган Маркл, односно на летот од Лондон за Торонто ќе работи екипаж во кој сите членови се викаат Хари или Меган.

Патниците во авионот на летот од лондонскиот аеродромт Хитроу до Торонто, градот во кој Меган Маркл некогаш живеела и каде парот за прв пат се појави во јавност, на на услуга в сабота – на денот на венчавката – ќе има двајца Хари или осум Меган, а на пилот ќе биде Хари Блејк, соопшти Бритиш ервејс.

-Летав порано со една Меган, еднаш или два пати, но никогаш со седум истоименици, така што ќе мораме една кон друга да е обраќаме по надимак за време на овој посебен лет, изјави менажерката на службата за потрошувачи, која ќе го предводи авионскиот екипаж.

Во соопштението се наведува дека патниците по име Хари или Меган – без разлика дали Меган ќе биде со „Х“ или со „Г“ –  кои ќе летаат со овој авион ќе мораат да бидат сместени во прва класа.

Во Авионот ќе може да се гледа серијата „Suits“ во која се прослави Меган Маркл, како и документарни филмови за животот на принцот Хари и замокот Виндзор.

Компниите како БА организираат вакви акции во моменти кога возбудата пред венчавката расте и кога се очекува илјадници обожаватели на британското кралско семејство да оди пред Виндзор.

Коронавирус