сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Авганистан: Во бунтовнички напад убиени 37 полицајци

Авганистан: Во бунтовнички напад убиени 37 полицајци

Најмалку 37 полицајци беа убиени од талибански бунтовници во авганистанската провинција Фарах.

Талибанците синоќа нападнаа село во округот Хак-е-Сафид, контролиран од владините сили. Во тој округ, борбите продлжуваат. Во селото има контингент од 200 полицајци.

– Освен 37 убиени полицајци, над 150 полицајци се водат како исчезнати од почетокот на нападот, изјави Абдул Самас Салехи, член на провинцискиот совет на Фарах.

Талибанците запалија куќи во селото. Тие нападнаа две или три полициски места во областа.

МИА

Коронавирус