понеделник, 23. јули 2018. Вести денес: 82
home Вести

Авганистан и Украина на дневен ред на Самитот на НАТО

Авганистан и Украина на дневен ред на Самитот на НАТО

Лидерите на земјите членки на НАТО денеска во Брисел ќе се обидат да ја смират вжештената атмосфера и да се фокусираат на Авганистан и Украина, по тензиите на вчерашниот прв ден од Самитот предизвикани од барањето на американскиот претседател Доналд Трамп до сојузниците за двојно зголемување на трошоците за одбраната.

На вториот ден на средбата на врвот, лидерите на НАТО ќе се сретнат со партнерите надвор од Алијансата, меѓу кои и со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и украинскиот Петро Порошенко.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг сака да ги повика лидерите на земјите членки да ги финансираат авганистанските безбедносни сили до 2024 година. Ова финансирање во просек изнесува околу една милијарда долари годишно.

Шефовите на држави или влади на членките на НАТО, исто така, ќе разговараат и за односите со Грузија и Украина – две земји, чии шанси за членство во Алијансата се нарушени по руските воени интервенции на нивните територии. Според правилата на НАТО, земјите со територијални конфликти не можат да се приклучат. 

МИА