петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 128
home Вести

Aтлетичарка осудена на 8,5 години затвор за криумчарење 50 кг. дрога

Aтлетичарка осудена на 8,5 години затвор за криумчарење 50 кг. дрога

Холандската олимписка атлетичарка Мадиеја Гафур (27) е осудена на осум и пол години затвор за шверц и продажба на дрога.

Таа беше уапсена во јуни годинава за време на рутинските проверки на германската граница и во таа пригода, пронајдени 50 килограми таблети екстази, два килограми кристал мета и 11.950 евра во готово во багажникот на нејзиниот автомобил, јави Би-Би-Си.

Гафур по изрекување на казната рече дека ќе се жали, додека Холандската атлетска асоцијација соопшти дека е шокирана од пресудата.

Атлетичарката за време на судењето се бранеше дека не знаеле што носи во автомобилот и дека мислеле носи лекови за допинг. За време на судењето, таа одби да каже кој ја дал дрогата со образложение дека се плаши за семејството и пријателите.

Коронавирус