недела, 15. септември 2019. Вести денес: 12
home Вести

Астрономи предупредуваат: Астероид денеска ќе пролета покрај Земјата

- Толку големи астероиди ретко се приближуваат до Земјата, можеби еднаш или два пати годишно, вели Пол Чодас од НАСА.
Астрономи предупредуваат: Астероид денеска ќе пролета покрај Земјата

Американски астрономи откриле астероид широк меѓу 15 и 40 метри, кој денеска ќе помине крај Земјата.

Според проценките на истражувачите од американската астрономска програма „Каталина Скај Сурвеј“, астероидот ќе ја „промаши“ нашата планета за 69.700 километри, односно помалку од една петтина од растојанието од Земјата до Месечината.

Оваа дистанца се смета за исклучително блиска за вселенски растојанија, но сепак астрономите ја сметаат за безбедна.

– Толку големи астероиди ретко се приближуваат до Земјата, можеби еднаш или два пати годишно, вели Пол Чодас од НАСА.

Во 2013 година, астероид со слична големина влезе во земјината атмосфера и спектакуларно се распадна на небото над рускиот град Чељабинск.  (МИА)