понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 173
home Вести

Астронаутка пораснала пет сантиметри за три месеци престој во вселената

Астронаутка пораснала пет сантиметри за три месеци престој во вселената

Астронаутката на НАСА, Eн Макклејн пораснала за пет сантиметри во три месеци престој на Меѓународната вселенска станица.

– Јас сум веќе два инча повисока во споредба со висината при пристигнувањето на МВС, напиша таа на Твитер.

Од Јапонската агенција за вселенски истражувања, соопштија дека заради недостиг на гравитација во вселената, човек обично зголемува висина за 1-2 сантиметри.

На МВС сега се рускиот космонаут Олег Кононеко, и астронаутите Ен Макклејн и Дејвид Сен-Жак од Канадската вселенска агенција. Тие се упатија кон МВС на 3 декември со вселенското летало „Сојуз МС-11“.

Локални избори 2021