недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

„АстраЗенека“ во Германија одобрена и за лица над 65 години

„АстраЗенека“ во Германија одобрена и за лица над 65 години

Германската Комисија за вакцини денеска ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд против коронавирус за употреба врз лица постари од 65 години, соопшти Министерството за здравство.

-Комисијата за вакцини, исто така, ја препорача вакцината на „АстраЗенека“ и за лицата постари од 65 години. Ова е секако добра вест за постарите лица, кои чекаат на вакцината, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Официјален Берлин досега не ја препорачуваше оваа вакцина за лицата над 65-годишна возраст, но, како што ноќеска наведе гермснаката канцеларка Ангела Меркел „неодамнешното истражување обезбеди елементи што овозможуваат зголемување на максималната возраст за употреба на вакцината“, посочувајќи на најновите британски истражувања што ја покажаа големата ефикасност на „АстраЗенека“ кај најстарите.

Француската Влада пред два дена ја одобри оваа вакцина и за лицата на возраст меѓу 65 и 75 години.(МИА)

Коронавирус